ШАНСА ВО БРВЕНИЦА

Фудбал

Победа се држи при врвот на две кола пред крајот на есенскиот дел од Втората лига. Трета е со 25 бода, еден помалку од Гостивар и Македонија Ѓ.П. Во саботата, по центаршут на Тони Мегленски, со голот на Виктор Велјановски 1-0 добиен е Тиквеш. В сабота е шансата во Брвеница со Руфеја. Желбата е три, а вреди и бод.

11 Октомври потклекна, 2-0 од Скопје. На Железарница не може да победи ниту репрезентацијата. Младиот состав се исплаши и ги остави бодовите. Осми е со 20 бода. В недела (13 ч.) игра дома со претпоследниот тим на Баби Штип и сé е кикс, освен победа.

Екипата на Корзо ја поправи играта, за жал, без ефект, туку со пораз. И тоа од фенерџијата, Локомотива во Г. Лисиче со 2-1. Корзо падна последно со седум бода. В сабота (13 ч.) има тежок меч дома со Скопје. Реми е неуспех, а триумф е подвиг. 

Loading