Средношколците и граѓаните дадоа придонес во озеленување на околината со пошумување на 20 хектари од голините во месноста Песјобрдце за денот на дрвото. Директорот на ЈП “Македонски шуми” Жарко Караџоски рече дека склучил договор со Владата за стратегија за пошумување со вклучување на соседните држави, а од што ќе се добијат 200 илјади евра од ИПАРД програмите.
За идните поколенија да имааат здрава животна средина, а градот да создаде пошироки “бели дробови”, садеше и градоначалникот Марјан Ристески.