Со запаллива течност било полеано и запалено возилото на прилепчанката Б.Т. во дворот во семејната куќа. Противпожарната служба брзо интервенирала и го локализирала огнот да не зафати посериозни димензии.
Според полицијата, непознато лице го потурило со запаллива течност автомобилот Рено Клио, паркиран во дворот на улица “Браќа Ламески”, го запалило и побегнало, незабележано во непозната насока.
Полицијата трага по пироманот.