ПРЕТПЛАТЕНИ НА МЕДАЛИ

Џудо

Доминација на прилепските џудисти каде и да се појават. Куп  медали освоија на државното првенство во Кавадарци. Ги издвојуваме само златните. Од ЏК Сеишин кај помладите сениорки непобедливи беа Михаела Петреска и Елена Ѓурчиноска, а кај помладите пионери, Јован Најдоски, Тале Трајковски, Марко Тодорчески, Георгиј Магдески, Стефани Петреска и Стефана Џамбазовска. Не е подолу ни ЏК Пролетер. Први места освоија сениорите Никола Велески и Владимир Стојаноски, пионерите Јорданчо Георгиески, Ненад Николоски, Иван Крстески, Теодора Димеска, Сара Петреска и Ана – Марија Трајческа.

Учествуваа 127 џудисти од 10 клуба.

Loading