ПОМОШ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА 280 РОМСКИ КУЌИ

Асоцијацијата Хабитат – Македонија даде заем на 280 ромски семејства за легализација на домовите. Дваесетина ромски домаќини потпишаа договори да користат средства за помош на легализацијата. Хабитат го олеснува озаконувањето со просечна позајмица од по 6-7 илјади денари без камата, која се враќа на 18 месечни рати.

Ердован Сулјманоски позајми 18 илјади денари да го подготви елабратот, да го плати земјиштето и комуналните давачки по едно евро за м2 за куќата во Тризла. Со парите полесно ќе стане сопственик. Нема да му биде товар, да плаќа илјада денари месечно, а ќе може куќата да ја продаде или да ја стави под хипотека за кредит за бизнис.

Во Прилеп веќе се легализирани над три илјади објекти, а до крајот на годинава уште илјада сопственици на диви градби ќе добијат тапија. 

Loading