Веќе се подготвува теренот за кружниот тек на крстосницата на улиците “Марксова” и “Мице Козар” кај Здравствениот дом. Пред стартот, првин се урна фонтаната. Градежните машини лесно го откорнаа коритото да го ослободат просторот за пешачката зона и за дел од коловозот на кружниот тек.
Локалните власти сметаат на брзи градежни активности и за неколку месеци да се уреди просторот. Новото сообраќајно решение ќе влијае на полесно одвивање на сообраќајот на ова “тесно грло” во градот и на побезбедно движење на граѓаните. Паралелно, просторот ќе добие модерен урбан лик.
Од локалниот буџет веќе се резервирани шест милиони денари за комплетно завршување на работите