Мал бран директорски смени го зафати градот. Нови раководители има во три фирми. Прв човек на Институтот е д-р Мирослав Димитриевски, кој доаѓа на местото од д-р Кирил Филипоски. Во “Црн Бор” веќе директорува Никола Чкрипески, наместо досегашниот Илија Димитриески. Раководителот на Архивот Михајло Атанасоски се повлече од позицијата поради здравствени причини, а на негово место веќе е Дејан Проданоски.