Во ОУ “Рампо Левката”
За конкурсот за видео спот од општинското тело за превенција од малолетничко престапништво, најголем интерес покажа ОУ “Рампо Левката”. Учениците од ВИИ а одделение со наставничката Билјана Ацеска, снимиле видео клип, каде ја покажуваат достапноста на цигарите и алкохолот за најмалите. Сите деца биле актери, а снимател и монтажер била наставничката.
Ученичката Лилјана Димитриова објасни како дошле до идеја за содржината на првиот дел од спотот, каде наместо јаболко, учениците пијат пиво и пушат цигари, а фудбалската топка ја замениле со пивска лименка. Во вториот дел се промовира здрав начин на живот, без пороци. Идејата ја дале Марија Јорданоска и Дино Релушкоски. Со видео клипот ја изнеле идејата за живот, исполнет со спортски активности.
Сите со ред знаат за штетите кои ги предизвикува алкохолот и цигарите на нивна возраст и веќе ги учат другите врсници.
А и првоодделенците од И г, со наставничката Билјана Илиоска, цртале знаци за забрането пушење и пиење алкохол. Наставничката рече дека ќе снимела и видео клип со рецитирање на песничка за темата.