КНИГА ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА БИБЛИОТЕКИТЕ

“Менаџмент во библиотеките” од д-р Наде Караџоска, издание на ГБ “Борка Талески” ќе биде промовирана во вторник. Книгата обработува современи трендови во библиотечната дејност. Ќе зборуваат Петар Петрески, директор на Библиотеката и д-р Љупчо Печијарески.

– Со примената на менаџментот се подобрува и квалитетот на библиотечното работење како и имиџот на библиотеките. Успешното менаџирање е клучен сегмент за подобрување и професионализација на општествениот статус на библиотеките – вели авторот.

Библиотеката ги запишува социјалните случаи за членови бесплатно.

Loading