Тутунски комбинат и Сокотаб од Битола ги отворија вратите на откупните пунктови, со што ја стартуваа сезоната на откуп на тутунот.
– Добро оди проценката. Се надеваме дека така и ќе остане. Првата класа се плаќа по 237 денари за килограм тутун, втората е 172, а за трета даваат 125 денари. Кога на овие цени ќе се додаде уште едно евро од килограм субвенции, тутунот и годинава е исплатлива култура за одгледување. Затоа е евидентен растот не само на производството, туку и на тутунарите – вели Данчо Милески, претседател на тутунското здружение.
Стручнаците оценуваат дека е добар квалитетот на годинешната берба.
– Бербата е поквалитетна поради сортната чистота и високите температури. Тоа предизвикува повисок квалитет и повисоки цени – велат експертите.
Во прилепско, долненско и кривогаштанско се очекува да се откупат над 15 илјади тони тутун од ориенталниот тип “Прилеп”.