КАРТУШОВЦИ НА СВЕТИ СПАС

Ноемвриското време, нетипично топло и убаво за прошетки, околу 50 планинари од ЕПД Картуш го искористиле за “задолжителен” марш. Трнале од селото Светомитрани, по што следела потешка етапа со искачување до селото Бирино. После се спуштиле кон манастирот Свети Спас. Патеката била долга 15 километри, но планинарите не ја сетиле, бидејќи ги “полнеле очите” со убавата букова и дабова шума. Се надеваат да ги послужи времето “да кутнат” уште некоја тура пред да “стегне” зимата.

Loading