ЈОЧКОСКИ МАЈСТОР

Пинг – понг

Штипски ППК Гоце Делчев падна пред ППК Младост, да се знае кој е шампион. Три меча доби Ѓоко Јочкоски, вклучително и решавачкиот, за 5-4. На табелата води Влае со 12 бода, пред Г. Делчев, Работнички и Младост со по 10.

Солидно се држи дебитантот во лигата, ППК Прилеп. Еден од послабите мечеви одигра во понеделникот, за пораз од Влае со 1-5. На табелата е петто место со четири бода. Најлошо стои ППК Младост 96. Младиот состав со 5-2 загуби од Силни дечки од Куманово. ППК Младост 96 е на последно место, без бод.

Лигата продолжува напролет.

Loading