Работно се ангажирани 65 лица за извршување на оперативни работи во јавните комунални претпријатија преку проектот на Владата.
– Ангажирани се долгорочно невработени, ниско квалификувани, социјални случаи и лица постари од 55 години, кои за извршената работа шест месеци ќе добиваат по 7600 денари надоместок со платен персонален данок. В година очекуваме оваа бројка да се зголеми – вели Силвана Пашовска, раководител на Агенцијата за вработување.
Во последните шест години преку Агенцијата, со програмите за кредитирање, самовработување и субвенционирање се вработиле околу 1500 лица.
Изминатите години Прилеп вложи 7-8 милиони денари за ангажирање на невработени – социјални случаи, во извршување јавни работи.