Полицијата го сомничи прилепчанецот Б.К.(59), вработен во Црн Бор за несовесно работење во службата.
Според МВР, во септември пријавениот изготвил две испратници со количина од осум и шест метри просторни огревни дрва, ги потпишал испратници и ги испорачал дрвата до фирмата Смајо Трејд во Прилеп, откако примил 15 метри просторни дабово огревно дрво во кругот на Црн Бор. Според упатството за продажба на дрвни сортименти, требало да го растовари камионот и да ги премери дрвата.
![]()

