ГОРИ СТРАСТА ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ

Во ОУ “Гоце Делчев” и во Гимназијата

На 28-от квиз за познавање на мерки против огнени непогоди, организиран од Противпожарниот дом, најдобар успех покажаа учениците од ОУ “Гоце Делчев” и СОУ “Мирче Ацев”.

Кај основците победничкиот тим бил од седмоодделенците Теодора Силјаноска, Брајан Петкоски и Теа Стојкоска, под менторство на наставникот Михајло Велкоски. Наставникот рече дека успехот не е случен, туку задржување на првото место веќе шеста година со ред. Се подготвувале од септември, покрај тоа што брошурите за натпреварот ги добиле пред две недели.

Учествувале сите основни и средни училишта од градов и од околните општини. Во конкуренција биле 21 екипа. Учениците од ОУ “Гоце Делчев” ги “изгаснале” надежите за прво место на второпласираните од ОУ “Климент Охридски” во продолжението од основните 12 плус три прашања. На временскиот лимит од две минути по прашање, победничката екипа, “утнала” само едно прашање, ама тоа не било од незнаење, туку од радост, зашто веќе ги прогласиле за победници.

На 28 ноември екипата ја очекува нов предизвик на регионалниот натпревар во Богданци. Како награда, покрај дипломите, добиле и пакет од прехранбена фирма.

Во дисциплината за средношколци, на “домашен терен”, трите екипи од Гимназијата не оставиле ниеден “медал” за другите. Прва била екипата ученички Ангела Стојаноска, Марија Ристеска и Марија Блашкоска. И тие ќе патуваат во Богданци со помалите “колеги”.

Loading