Драчевка, Повардарие, Беранче, Куцано, Буфчанка, сплет од Источна Македонија…, се само дел од ората што КУД ,,Мирче Ацев,, ќе ги исполни на вечерашниот концерт од 19.30 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,,.
Полетно, разиграно, стотина играорци на друштвото по 65-ти пат ќе го пренесат пред публиката богатиот македонски фолклор негуван со години.