ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СЕ ЗАБАВУВАА СО РОБОТИДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СЕ ЗАБАВУВАА СО РОБОТИ

Околу 40 деца – штитеници во СОС детското село во Скопје беа гости на фабриката Микросам. Потпретседателот, Самоил Самак им ја објасни сета прецедура на изработка на производи кои ги користат познати германски, француски и индиски фирми.

Со голем интерес децата ги видоа канцелариите на програмерите, каде е “мозокот” на сите операции, ја посетија стручната библиотека, трите хали за производство, каде се чудеа како роботите се движат, небаре човечка рака, како по филмовите. Децата се “зелепија” на кучето – робот, кое “одговараше” на звучни и видео сигнали и сите се редеа да го погалат затоа што тоа како живо лаеше од среќа.

Домаќините им организираа и забава со кловнови, пинг понг, билијард и видео игри.

Loading