БРАЧНА ПОБЕДА

Стрелаштво

Презимето Магдески двапати се читаше при прогласувањето на победниците на стрелечкиот турнир “13 ноември” во Скопје. Брачната двојка од СК Херој Прилеп оствари триумф со пушка. Кај жените, Викторија Магдеска најдобра со 374 круга, пред клупската другарка Ангела Стојаноска со 358. Кај мажите, Владимир Магдески со 549, над Круме Чешелкоски со 547. Со пиштол втори места за Маја Чешелкоска со 373 и Гоце Андоноски со 559 круга.

Во националната програма за пионерите, на пиедесталот од СК Херој Прилеп, втора е Анабела Димоска со 165 и трет Кристијан Илиоски со 163 круга на задоволство од тренерот Трајче Дамески. Учествуваа 50 стрелци од девет клубови.

Loading