БИЗНИС СРЕДБИ ВО КРАЛЕВО И ВАЛЕВО

Прилепската бизнис делегација предводена од градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Регионалната комора Симон Наумоски имаше деловни контакти со своите колеги во српските градови Валево и Кралево. Со Регионалната комора на Кралево е потпишана спогодба за меѓусебна соработка со прилепската комора.

Претставниците од Витаминка, Тутунскиот комбинат, Прилепската пиварница, Мермерскиот комбинат, конфекцијата Хатра, ЈП Водовод и канализација и други ги презентираа економските потенцијали и природни ресурси на Прилеп со намера да се поттикнат компаниите за продлабочување на деловните односи. Во Кралево, делегацијата ги посети фирмите Радијатор и Амига. Бизнисмените имаа деловни средби со колегите од двата збратимени града. Делегацијата беше гостин на графичката индустрија Босис и Фабриката за производство на суви сливи.     

Градоначалникот Марјан Ристески упати покана до раководството на Валевската пиварница да биде учесник на фестивалот за пивото в година во Прилеп.

Loading