БЕЗИСТЕН НА МАС ПАЗАР

Локалните власти планираат да никне модерен безистен на местото на покриениот пазар на млечни производи. Одамна се предвидуваше да се облагороди просторот, бидејќи сегашното решение со распаднатите поранешни дуќани на касапите претставува непријатно катче во центарот. Се очекува наскоро на местото на мас пазар да се крене модерен трговско – деловен центар со адекватна архитектура на околината и соодветна на дејноста. 

Loading