Вооружен и маскиран разбојник украл 13 илјади денари од продавница кај Болницата и побегнал со велосипед.
Според МВР, разбојникот маскиран со капа влегол во продавницата “Мице шпед” на ул. “Трајко Тарцан”. Го извадил пиштолот и í се заканил на продавачката А.К. (35), барајќи да му ги даде парите. Таа со страв веднаш му го дала прометот, а разбојникот заминал со велосипед и плен од 13 илјади денари.
Полицијата го бара разбојникот.
![]()

