Џудо
Одличен настап на ЏК Пролетер во Кикинда, Србија. На меѓународниот турнир, од шестмината членови, најмногу се истакнаа Давид Спиркоски и Виктор Трајкоски, кои освоија “бронзи”. Првиот во категорија до 30, вториот до 66 килограми. Тренерот Славе Димитријоски е задоволен од учинокот, со кој се брани реномето на најтрофејниот клуб изминатите децении во државава.
На турнирот во Кикинда учествуваа над 700 џудисти од осум балкански земји.