Нови 70 легални објекти доби градот со последното официјално доделување на решенијата за озаконување на бесправно изградените објекти. Неколку илјади сопственици на дивоградби добија тапија за куќите и другите објекти од пријавените над 15 илјади предмети. Прилеп е водечка општина во процесот на легализацијата на незаконско градените објекти.