Со пари на Министерството за култура, ЦК “Марко Цепенков” го издаде првиот двоброј за 2012 година на списанието за литература, уметност и култура “Стремеж”. Објавени се поезија, критики, есеи, преводи и препеви од истакнати македонски и странски автори. Дел од страниците се со песни од Весна Ацеска, Јовица Тасески – Етернијан, Кирил Бисеркоски и Елизабета Тодороска, како и преводите на поезија од ирскиот поет Ноел Кинг и арапската поетеса и драматург Натали Хандал. Ги има и преводите на романските поети Марнус Челару, Ирена Лучија Михалка, Николас Григорие Марашану, Јон Деаконеску, Јон Кристофер и др. Читателите ќе ги прочитаат и критиката на Диме Митревски и текстот на Трајче Крстески за прилепскиот гуслар Апостол.
![]()

