Библиотеката за одбележувањето на месецот на книгата ги прогласи најдобрите рецитатори, поети и раскажувачи од основните и средните училишта.
Од прво до петто одделение најуспешен рецитатор е Леонарда Кајџаноска од ОУ ,,Климент Охридски,,. Од петто до осмо одделение епитетот најдобар рецитатор го доби Јана Неделкоска од ОУ,,Климент Охридски,, а од средните училишта најуспешен беше Доан Сулејманоски од СУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,.
Од прво до петто одделение наградата за најдобра песна ја освои Александар Петанчески од ОУ ,,Круме Волнароски,, од Тополчани, од петто до осмо – со првата награда се закити Наталија Димеска од ОУ ,,Блаже Конески,,. Од средно, најуспешен беше Филип Димкоски од Гимназијата ,,Мирче Ацев,,.
Најдобри пишувачи на раскази се Барбара Маркоска од ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,,, Јована Стојческа од ОУ ,,Климент Охридски,, и гимназијалката Наталија Матеска.
Наградени во четирите категории беа и Здравко Здравкоски, Христина Петреска, Наталија Трајческа, Кристина Тасеска, Сања Крстеска, Христина Ристеска, Марлена Ивановска, Теодора Тасеска, Елена Ѓорѓиоска, Милена Трајкоска, Теодора Јагуриноска, Сара Стеваноска, Александра Трајческа, Михаела Стојаноска, Елеонора Михаиловска, Христина Груеска, Симона Ристеска и Мартина Зероска.