ПРИЗНАНИЕ ОД ФФМ

ОФС Прилеп

Комисија од ФФМ, предводена од комесарот за натпревари, Васко Дојчиновски, високо ја оцени работата на ОФС Прилеп. Општинскиот фудбалски сојуз продолжува да е меѓу најдобрите во земјава. Единствен е со два ранга натпревари, лигите А и Б. Седиште е на Третата лига – Југ, каде првенството на 16 тима се одвива без ниедна забелешка, беспрекорно.

– Следува награда. ФФМ во зимската пауза доделува топки, спортска опрема на сите наши клубови – најавува Петре Илиоски, секретарот.

ОФС неколку месеци има новите простории во старите канцеларии од градоначалникот. 

Loading