ПАК ЦРВЕН ТЕПИХ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Повеќе од 400 граѓани зачекорија по црвениот тепих при посетата на зградата на локалната самоуправа во рамките на Отворениот ден за граѓаните.

Основците, средношколците, децата од одделенска настава, вработените во јавни институции покажаа интерес за функционирањето на локалната самоуправа, а градоначалникот и администрацијата љубезно им одговараа, забележувајќи ги во нотесите импресиите со пофалби и ситни забелешки на граѓаните. Некои ја искористија приликата да изнесат предлози и сугестии не само за градските власти, туку објаснуваа комунални идеи за реализација за поудобен живот во населбите. Љубопитни прашања за процедурите на носење одлуки од сите области.

На граѓаните им беше презентиран филм во кој беа опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат во иднина нов лик на градот.

Loading