Додека сите се одмораат, на планинарите на Картуш викендот им е “работен” ден. “Цедејќи” го убавото и топло време, необично за ноември, марширале на “домашен терен”. Од кај вештачкото езеро кинисале за рудникот Кукул, па се спуштиле до селото Дабница каде го посетиле манастирот, посветен на Мајката Божја. По малку почивка, се спуштиле по стрмните спили кај Зеленик до крајната дестинација – Марковите Кули. Под нозе паднал пат од 20 километри.