Одличен концерт во ЦК ,,Марко Цепенков,,, имаше пијанистката Мелани Пеоска, во рамките на програмата за поддршка на млади изведувачи на Министерството за култура. Аплауз предизвикаа вештите прсти на изведбата на композиции од Рахмањинов, Гершвин, Дебиси…
Пеоска е дипломец на Музичката академија во Загреб. Наставник е по пијано во музичкото училиште. Добитник е на награди во Хрватска и на посебната “Фонд Јанка Шањек”. Член е на дуо – пијано со сопругот, пијанистот Филип Пеоски. Снимила албум со познати класични евергрини во Загреб.