На германските гробишта
“Помирувањето и пријателството, мирот, слободата и човечките вредности се вредностите што ги обединуваат луѓето”.
Ова го истакнаа амбасадорите на Германија и на Франција на комеморацијата на жртвите од Првата светска војна на германските гробишта. Пораки за мир кога се одбележува крајот на големата војна, упати и министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Според градоначалникот Ристески многу луѓе не по своја вина ги загубија своите животи.
– Прилеп бил дел од границата на фронтот, вклучен во воените дејствија, а граѓаните на Македонија страдаа заради овие настани од Првата светска војна. Оддаваме почит на сите кои ги дадоа своите животи, испраќајќи јасна порака дека некогаш скараните страни може да бидат сојузници, како што се Франција и Германија – рече Ристески.
На комеморацијата присуствуваа амбасадори и конзули на повеќе европски држави, претставници на политички партии и делегации на Сојузот на борците.