Разменети подароци на боксерскиот спектакл
Високиот гостин, претседателот на Европската боксерска унија, Боб Логист, во знак на благодарност за третманот на боксерскиот настан во саботата, во Домот на културата “Марко Цепенков” доби подароци. Од покровителот, градоначалникот Марјан Ристески се иконата Свети Никола и шише вино, од претседателот на “Пробокс Македонија”, Дарко Чатлески се плакета и вино во дрвена амбалажа со Саат кулата. Логист не остана должен, додели два боксерски појаси на домаќините, плус значка од ЕБУ.
Сосема очекувано, сé беше на највисоко ниво, а поинаку не може да биде кога в ринг се тројца лидери, првиот човек на градов, на македонската и на европската боксерска асоцијација.