Околу 40 ученици од медицинската струка од СОУ “Ѓорче Петров” им мереа витални знаци на штитениците во домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” за неделата и месецот за грижа за старите лица. Тие воспоставија пријателски однос и ги увериле постарите дека не се заборавени. Необично за медицински сестри, учениците изведоа претстава и рецитал пред лицата од третата доба. Ученици ги смееја “до солзи” со изведба на комедиите “Комшии” и “Болница”. После заедно завија македонско оро.
Околу сто ученици пак им се вратија на нечиите баби и дедовци уште еднаш да им го мерат притисок и да разговораат со своите “домаќини” – штитениците на Домот. Младите ги слушаа внимателно животните приказни и поуките од богатите искуства на постарите.