Ракомет: Жито Прилеп – Иси Париз 21-35
Верувавме во подвиг од Жито Прилеп или барем силен отпор против Иси Париз Хенд, но се беше јасно после 15-20 минути. Французинките презедоа контрола и поведоа. Одбрана, контра, гол и не даваа надеж за домаќините. За поздравување е што клубот овозможи да се види силна екипи за учење. Резултатот реален 21-35. Останува анализата за тоа до каде може да се напредува со овој состав. Слабите позиции да се заменат со нови во зимската пауза. Да се бара решение за силни мечеви во континуитет. Тој проблем е потежок. Кометал организираше турнири, учествуваше во странство, оти во домашната лига две екипи се пресилни, останатите преслаби.
В сабота завршува евро – одисејата со гостување во Париз, каде прилепчанки ќе патуваат два дена со вагони за спиење.