ДВА МЕЧА ЗА ПУБЛИКА

РК Филип 107 и РК Прилеп

В недела двојна прволигашка програма за љубителите на ракометот. Во “Сонце” првин во 12 часот играат женските тимови на РК Филип 107 и Стружанка. Гостинките се лидери без пораз, со 21 бод, а наспроти РК Филип 107 со по три победи и порази. Домашните го одложија гостувањето кај Вардар и во паузата се подготвија за тешкиот дуел.

Во 14 часот е машкиот натпревар РК Прилеп – Радовиш. Гостинот е лидер на табелата, со само еден пораз и 18 бода. РК Прилеп не се предава, покрај променливиот успех со три победи и толку порази. Нужен е триумф за пробив погоре на табелата.

Loading