ДЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОТПОРНИ ЅИДОВИ

Локалните власти ја дополнуваат развојната програма со средства за обезбедување на критичните места од ерозија и свлечишта со потпорни ѕидови. За таа цел советниците кренаа рака за обезбедување десет милиони денари за градба на ѕидови и за спречување на опасностите на места, подложни на свлечишта и ерозивните подрачја. Проектот ќе влијае на заштитата и безбедност на граѓаните, туку ќе придонесе и превенција од оштетувања на изведената инфраструктура; улиците, канализациските, водоводните и електричните мрежи.

Почетокот на изградбата е планиран за март 2013 година.     

Loading