Десетина стопанственици од Прилеп, членови на Регионалната стопанска комора, веќе трет ден престојуваат кај колегите во српските градови Валево и Кралево во рамките на обидите за воспоставување на деловна соработка или за продлабочување на економските односи.
Делегацијата е предводена од претседателот на регионалната комора Симон Наумоски и извршниот директор на комората Ристо Најдоски. Меѓу стопанствениците е и градоначалникот Марјан Ристески.