ЗБОГУМ НА ПАМПУРИТЕ

ОУ “Кочо Рацин” на Рид

За празникот на градот градоначалникот Марјан Ристески го пушти во употреба централното греење во подрачното ОУ “Кочо Рацин”, на Рид, каде учат 199 деца до петто одделение. Парното греење ќе ги исклучи ризиците за учениците од пампурите, а ќе доведе до потопли училници и поефикасно користење на енергијата.

Директорот Петар Крагуески изрази задоволство за подобрување на условите за настава. Претстои уште уредување на дворот.

Инвестицијата ја поддржа локалната самоуправа со 800 илјади денари.

Пред некоку години градските власти темелно го реконструираа училиштето, градено во 1924 годна, каде прват се сретнал со буквите и бројките и градоначалникот Марјан Ристески, но и неговиот татко и дедо.

Loading