ТАЛЕНТ И ЗА ПЕСНА И ЗА ТЕНИС

Ана Георгиеска, ОУ “Рампо Левката”

Седмоодделенката Ана Георгиеска (11) од ОУ “Рампо Левката” е вистински талент и за песна и за тенис. Потврда е освоената наградата на фестивалот “Ѕвездички”, исполнувајќи ја композицијата “Ајде да патуваме” по текст на Душко Темелкоски, на музика од Борче Шабаноски.  Додека не пее, Ана е махер за тенискиот рекет. На општинскиот натпревар по тенис  била трета.

И лежи музиката. Сака да пее. Да провери до каде и е талентот се пријавила за учество на Фестивалот.

– Мерак сум за песна. Омилена ми е поп музиката. Идоли ми се Каролина Гочева, Шакира, Кејти Пери – скромно вели Ана.

Има време и за учење. Одлична ученичка е. Тата – мата е и за математика. Не помалку успеси реди и по другите предмети, особено  по физичко образование.

Loading