7 Ноември Светски ден “Ден на акција”
ОУ “Гоце Делчев” во интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација Еко – училиште и Еко – градинка, спроведувана во 52 земји од целиот свет, се вклучи со еко акцијата со доннации од учениците на книги, списанија, сликовници од дома да ја збогатат училишната библиотека. Со тоа децата ќе ги развиваат можностите за читање. Меѓу другото, засадуваа листопадни дрвја во дворот на училиштето, пред училниците, за овозможување на заштита од прекумерна топлина во лете, од една страна, и непопречување на светлината во зиме, од друга страна.
ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” го одбележа светскиот “Ден на акција” со две теми: енергија и отпад. Учениците и наставниците од четвртите одделенија под раководство на еко-координаторот Јованка Антоска возеа велосипеди и собираа стара хартија. Учениците покажаа совесен однос кон животната средина, возејќи велосипеди до Градскиот базен, придружувани и од локалното население. Собирната акција на стара хартија ја поддржаа сите ученици, носејќи хартија на определено место, подготвена за рециклирање и повторна обработка.
Во ОУ “Рампо Левката”, акцијата се темелеше на развивање на свеста кај најмалите за заштита на животната средина со возење на велосипед на однапред утврдена патека, под мотото “Ајде на велосипед за поубав свет”. Учениците научија за негативното влијание на издувните гасови од моторните возила.