РУСКИ КЛАСИЦИ ДОНИРАНИ ВО БИБЛИОТЕКАТА

Изданија од руските класици доби Библиотеката од руската амбасада. Во одделот за странска литература се најдоа уште дела од Достоевски, Шолохов и други руски автори. Донацијата е продолжување на соработката со Библиотеката.

– Се продлабочува соработката што Амбасадата ја негува со Библиотеката. Ќе донираме и други книги да се збогати одделот за руска литература. Разговаравме и за воспоставување релации со сродна институција во Русија – изјави Константин Берсенев, советник во Руската амбасада.

Петар Петрески, директорот на Библиотеката изрази  задоволство  од поканата за продлабочување на односите.

– Имавме околу 200 наслови од руски автори, а сега имаме на  располагање многу повеќе – рече Петрески.

Библиотеката планира  воспоставување на соработка со другите странски амбасади во земјава.

Loading