НАЈДОБРА КАМЕРА ВО ФИЛМОТ “ВРЕМЕ”

Деветминутниот филм за берберскиот занаетВреме”, на камерманите Оливер Ангелески и Зоран Пилоски, е добитник на специјалната награда за камера на домаќинот Битола на 20-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”.

Острото уметничко око на жирито ги забележа уметничките вредности ставени на лента за традицијата во берберскиот занает.

– Наградата ќе биде поттик и за младите да се интересираат за фотографијата и за камерата – велат авторите.            

Фото Кино клубот Прилеп на Фестивалот во Битола учествуваше по 11 години.

Loading