РК Филип 107 и РК Прилеп
Уште може многу на паркетот Марија Когој. Довчерашниот бек на Жито Прилеп одлично игра за женскиот прволигаш РК Филип 107. На последната средба со Струма Струмица постигна 12 гола за триумф од 27-22 (12-10). Само во првиот дел имаше каква – таква рамноправност и неизвесност, но во второто беше очигледна надмоќ на домашните. Машкиот прволигаш РК Прилеп врза две победи. По гостинскиот триумф 21-25 (9-13) над Работнички, следеше службен (10-0) дома над гостиварска Риниа. Ривалот не допатува. Попусто бројни гледачи чекаа во салата, а наместо натпревар видоа само тренинг.
Викендов пак нема меч за РК Прилеп, по откажувањето на Кавадарци. Можна е пријателска средба.
На табелата РК Прилеп со 12 бода е рамен со вториот, третиот и четвртиот во Првата лига.
![]()

