КАРТУШ “НА КОНГРЕС” ВО СМИЛЕВО

Околу 50-тина планинари од ЕПД Картуш извеле марш од 20 км, одселото Ѓавато, Битолско. Продолжиле кон Стрежевското езеро и стигнале до селото Гопеш, “плакнејќи ги очите” со убавата борова шума. Уживале во убавините на црквата “Пресвето Преображение”, а после одморот, патот под нозе, и го “освоиле” легендарното Смилево. Се поклониле на споменикот на војводата Даме Груев. Се освежиле со историјата со посетата на музеј – куќата каде во 1903 година се одржал Смилевски конгрес за утврдување на датум за Востанието. По убаво време, со релаксирана прошетка, исполниле уште еден ден, користејќи го максимумот  на топлиот ноември.

Loading