ИЗАБЕЛА ЈОШЕСКА НАЈДОБАР ЕСЕИСТ

Изабела Јошеска, ученичка од прва година од гимназијата е најдобар пишувач на есеј на тема “Формирање на партизанските одреди” што Сојузот на борци го распиша за Трети Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Дарба за  пишан збор и за награди  покажаа и Теодора Силјаноска – втора година од гимназијата и Доан Сулејманоски – трета година од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” кои ја освоија втората, односно третата награда. Учениците добија парични награди.

Сојузот на борците ги поттикнува младите на продолжување на традициите  и интерес за историјата.

Loading