ГРЦИТЕ “ТЕПАНИ” ДОМА

Параглајдерство

Не сме само во ракомет и кошарка подобри од Грците. Во параглајдерство ништо не ни можат, со членовите на ПК Делта, семејството Јованоски, Миле, Мартин и Борјан. Посебно мотивирани ги “тепаа” соседите кај нив, дома.

На првенството на Грција во дисциплина прецизно слетување судиите се свртија против со сите дозволени и недозволени средства да ги спречат Македонците, но на пиедестал токму тие. Екипно прво место, над Бугарија и Грција, а поединечно зад Бугарите Ралев и Чолов, Мартин е трет, Миле четврти, Борјан петти.

Формата тргнува нагоре за Светското првенство идната година во Сараево, Босна.

Loading