ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО НА ПВЦ ДОГРАМАТА

Профил монт 2006

Наскоро инвестиција за зголемување на продуктивноста

Дваест и седумгодишниот Ерџан Изеироски е наследник во фирмата Профил монт 2006, на неговиот татко Реџеп. Од 2006 година  тој е носител на бизнисот со производство и монтажа на алуминиумска и ПВЦ столарија. Не го кријат задоволството од тенденцијата на од по нагорна линија. Тоа се должи на макотрпната работа и застапништвото за германскиот производител на ПВЦ профили Винтеч со седум комори и пластичен ѕид од 1,4 мм. Вратите и прозорците, такаречи, се херметички затворени, со што се создава заштеда на топлина и изолација од звучни влијанија.

Фирмата држи континуитет 18 години. За тоа се погрижил таткото на Ерџан, Реџеп. Тој ги поставил темелите со квалитет, препознатливост и со навремено и евтино одговарање на нарачките. Постариот “дел” вели дека го согледал времето од безизлезот во ЗИК Прилеп, каде работел, и почнал со алуминиумски врати и прозорци дома во селото Пласница, наговорен од пријател од Турција. 

– Времето налагаше првин алуминиум, па пластика, односно ПВЦ, која стана побарана. Не промашивме што ја ставивме во програмата да држиме чекор со времето и со конкуренцијата – објаснува Реџеп.

Во новиот објект од над 700 м2 на “Крушевско џаде”, каде се веќе две години, нудат врати, прозорци, светларници, излози, односно, сé што се произведува од пластика.

– Прозорците и вратите се со два дихтунга, без шанси за кондензација. Пластиката ги задоволува сите норми. Потврда е испратениот контингент со стотина врати и прозорци по нарачка за Швајцарија. Ги минавме високите норми за штедливост на енергија. Побарувачката расте, иако имаме ривали во 30 фирми – вели Ерџан.

Не им е само градот преокупација, туку преку други фирми,  поставувале дограма во Битола, Крушево, Ресен, Кавадарци. Нивни објекти се Болницата, ОУ “Добре Јованоски”…

Најавуваат набавка на модерна опрема за раст на производството.

– Инвестицијата за автоматиката е околу 70 илјади евра. Опремата ќе замени доста работна сила во новиот објект и ќе можеме да понудиме поголема продукција – завршува Реџеп Изеироски.

Поделени меѓу набавка на материјали и монтажа за помладиот дел, за Ерџан, и производтството за искуството на Реџеп, фирмата Профил монт 2006 успешно чекори по патот на перспективите на оваа дејност.

Прозорец за 7,5 евра метро

Со застапништвото за Винтеч продаваат профили и на други фирми, а кај нив цената на метро должно во врата или процерец е 7,5 евра, вклучувајќи ги речиси сите пропратни елементи, освен термопан стаклото.

Loading