Керамички и стаклени садови, накит и оружје се пронајдени од археолозите на Заводот и музеј на завршните истражувања на локалитет “Сурун – Испраена плоча” кај Горно село. Истражена е една од седумте гробниците, издлабени во карпа од античкиот – доцно македонски период.
– Гробниците се на луѓе со повисок општествен, воен или политички статус. Со длабење во карпа бил формиран внатрешен дел на гробницата – комора – за положување на урната со кремирани останки на покојниците и дарови – садови од керамика и стакло, накит и оружје. Карпите биле делкани пред влезот за влезната патека – објаснува археологот Душко Темелкоски.
Истражувањата ќе продолжат наредните години.
Локалитетот првпат е отворен во 1992 година.