Ин мемориам
На 76 години почина Бранко Петкоски – Педано, еден од најафирмираните фудбалери и тренери. Во Победа почнал 1954, а заиграл 1957. Ги носел дресовите на Работнички и Југохром. Во 1967 се определил за тренерскиот занает. Ги тренираше сите категории во Победа, од пионери до сениори. Секогаш кога ќе тргнеше колата надолу со стручнак од страна, на клупа седнуваше Педано. Работеше во 11 Октомври, Осогово, но најмногу во Победа.
Беше ведар, секогаш расположен за разговор и смисол за шега. Никој не памети да се налутил на судии. Велеше “Ако гигантите како Баерн, Барселона, Милан, ги почитуваат, кои сме ние да ги оспоруваме судиите, редовно при пораз”. Без фудбал не можеше и пред две – три години последен пат, од количка зад гол ја гледаше својата Победа.
![]()

