По повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето
Утревечер на свечена седница на Советот во ЦК “Марко Цепенков”, градоначалникот Марјан Ристески ќе ги додели традиционалните награди Трети ноември по повод Денот на ослободувањето на градот.
Наградата за животно дело ќе í биде врачена на Мирјанка Ристеска – Селчанец, писателка, за нејзиниот придонес за овековечување на градот во литературните дела, кои ќе се паметат и ќе се предаваат на многу генерации во иднина.
Наградите – плакети 3-ти Ноември ќе им бидат доделени на Октетот “Прилеп”, за придонесот во афирмацијата на староградските песни, на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј за реализација на повеќе проекти во областа на конзервацијата, реконструкцијата и археолошките ископувања. Со плакета ќе се закитат уште СОУ “Ѓорче Петров” за унапредување на образованието и успешна реализација на повеќе проекти, РК “Жито-Прилеп” за постигнатите резултати на домашна и меѓународна сцена, Црковниот хор при Храмот “Св. Кирил и Методиј”, за посветеноста и придонесот во негувањето на православното црковно хорско пеење, Сојузот на училишни спортови, за особен придонес во развојот на училишниот спорт, “Крин КГ” за успешно реализирани објекти и донаторства кон Општината, Музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” за давање посебен придонес во образовниот, културно-уметничкиот и општествениот живот, Службата за итна медицинска помош за максималното залагање во извршувањето на целокупните активности. Еколошкото планинарско друштво “Картуш” ќе се награди за создавање на културен однос кон природата и природните реткости, Здружението “Прилепски мечкари” за зачувување и промовирање на традиционалните и културните вредности на специфичните маски. Награда доби и конфекцијата “Кули” за постигнати резултати во конфекциската дејност и развој на стопанскиот сецтор. Асоцијацијата за неформална едукација на Роми “Ромска Солза” за подобрување на општественото живеење на Ромите, ФК “Корзо”, за постигнати резултати за влез во Втората Македонска фудбалска лига и Рок групата “Тхе Хоундс” за придонесот во развојот на субкултурата и унапредувањето на културното живеење во градот.
Наградите – дипломи ќе им бидат врачени на Отец Калист за неговиот придонес во развојот на културниот и манастирскиот туризам, Петар Темелкоски актер, за неговиот придонес во растежот на МТФ “Војдан Чернодрински”, како најзначајна културна манифестација на ниво на Република Македонија, Ванчо Георгиев за промоција на карневалот Прочка, на скулпторот Богдан Грабулоски – Боначо за развојот на сликарството и вајарството, на д-р Благоја Ѓорѓиески за големиот придонес во истражувањата од областа на медицината и јога науката, на Благоја Чоноски за одржување на традицијата и вредностите на борците од НОВ, на проф. д-р Виктор Лилчиќ за придонес во истражувањето на археолошкиот локалитет “Павла Чука”, кај Старо Бонче, на Биљана Зероска-Становник за успешна промоција на Прилеп и Македонија, на Илчо Наумоски за придонесот во развојот на фудбалот, на Здравко Тодороски, за придонесот во развојот на спортското воздухопловство и воздухопловно моделарство, на Љубе Дамески – Влечкар, за придонесот во зачувување на традиционалните занаети, на Драган Кедиоски за материјална поддршка при реализацијата на проектот “Конструктивна консолидација на Саат кулата”, на Борче Ангелески, постхумно, за придонесот во развојот на фудбалот, како фудбалер и тренер, и постхумно на новинарот Данчо Трајкоски.