Жито Прилеп поддржан со оркестар
Жито Прилеп во победите над Лундагард беше поддржан од осмиот играч, публиката, а во неа имаше многумина со инструменти. Најинтерсен звук доаѓаше од една вувузела од северната трибина. Прво “Мајмуните” скандираа, после вувузелата се јавуваше. Како по ноти. Немаше умор за неа, кондициски подготвена функционираше од почеток до крај. Сила и даваше еден од најпознатите навивачи, Пеце Стојкоски – Попето. И во повозрасни години од срце навива.
Стојкоски “навивачкиот занает” го учел од дете, кога кај старата Виша економска, ја бодрел генерацијата на Арапчески, Гулески, Кузманоски и другите легенди од тимот на Тутунски.